Најголемите планински центри во Македонија се прекриени со снег. Снежна идила има на Попова Шапка, Маврово, на Копанки-Пелистер, но снег има и на Водно, потоа во Крушев, Кичево, снег вее во Битола.
Во моментов има снег и во околината на Прилеп, има забрана за движење на тешки товарни возила на одредени места. Според АМСМ Од утрово е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Кичево- Охрид преку планинскот премин Пресека. Како што информираат од АМСМ, забрана за сообраќај на тешки товарни возила има и на планинскиот премин Стража, на патниот правец Гостивар – крак Маврово – Дебар, а од синоќа е воведена забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка. Од 9:40 минути утрово е воведена забрана за тешки товарни возила и на патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот премин Ѓавато. За останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема.