На антивладините протести што се одржаа во саботата во Мексико Сити повредени се најмалку 120 лица, од кои 100 се полицајци, а 20 лица се уапсени, соопшти локалната полиција.

Протестите ги организираше „генерацијата З“ против криминалот, корупцијата и неказнивоста. Демонстрантите демонтираа делови од бариерата пред Националната палата, а полицијата употреби солзавец за да ги растера.

Активистите изразија незадоволство и поради убиствата на познати личности, вклучително и градоначалникот на Уруапан, Карлос Манзо, кој беше застрелан на 1 ноември поради неговата борба против нарко-картелите.

Текстот (Видео) Масовни протести во Мексико Сити – повредени 120 лица е превземен од МАКФАКС.