Во своето ново видео на „YouTube“, пејачката Марија Шерифовиќ одговараше на прашањата на обожавателите и по тој повод откри непознати детали од нејзиниот приватен живот.

Марија рече дека сонувала за својот брак, откри кога се бакнала за прв пат, како и дали би сакала наскоро да стане мајка.

– Дали сонувавте да стапите во брак? – беше едно од прашањата на фановите

„Па, да, но сигурна сум дека мојата свадба ќе биде традиционална или пак сосема спротивно, на плажа со многу коктели. И да, така би ја потпишала пресудата за себе“, одговори Марија.

– На која возраст ти се случи првиот бакнеж?

„Не можам да се сетам, но мислам дека тоа беше во основно училиште на 13, 14 години“ – откри пејачката во своето ново видео.

– Дали би сакале да станете мајка наскоро? – прашаа нејзините обожаватели.

„Секако да, но тоа понатаму и полека“ – одговори Марија.

– Дали мислите за себе како фер и добра личност? – беше едно од прашањата.

„Кога правев психоанализа, ми рекоа дека кај мене средина – нема, што значи дека или сум прекрасна, фер и добра личност или сум ѓубре невидено“ – рече Марија.

– Како се гледате себеси за 10 години? – ја прашаа фановите.

„Бидејќи сега имам 36 години, тогаш ќе имам 46. За почеток, се надевам дека и тогаш нема да бидам „јутјубер“. Тоа е број еден, дека коронавирусот ќе се реши дотогаш. Што знам! Концерти, работа, ред, дисциплина и можеби некое детско смеење или плачење од гостинската соба“ – рече Марија, а притоа потврдно одговори на прашањето дали има момче.