Општина Куманово, под водство на Максим Димитриевски, постојано е во центарот ама со скандали, со индиции за судир на интереси и можен коруптивен договорен систем за испумпување на парите на граѓаните. Медиумите веќе објавија документи како општина Куманово склучува договори за изведба и надзор со фирми на блиски родини, кажа на прес-конференција Марина Манојловска, претседателка на Форум на Жени на СДСМ Куманово.

Општината, како што рече таа, скллучила договори за изведба на градежни работи со фирмата РМК ГРАДБА АС Дооел Скопје, во сопственост на Рафис Камберовски.

„Истовремено, надзор над тие исти проекти го вршела фирмата АК ИНЖЕНЕРИ ДООЕЛ од Цветово, во сопственост на Муарем Камберовски. Двајцата Камберовски се блиски роднини. Значи едниот роднина Камберовски гради, другиот роднина Камберовски демек го контролира.

Па кај го има ова? Во Куманово, со Максим Димитриевск“, кажа таа.

Прашува, ова ли е начинот на кој градоначалникот Димитриевски ја разбира „чесната и домаќинска“ работа.

Ова, како што додава, е основано сомнение за судир на интереси, непотизам и фаворизирање на роднински фирми, злоупотреба на јавните средства на граѓаните на Куманово.

Прашањето, вели таа, е кој е интересот на Максим Димитриевски.

„Дали зад доделувањето на тендери на роднини во суштина се крие бизнис интерес на Димитриевски“.

Го повикуваат Државниот завод за ревизија, Државната комисија за спречување на корупција, како и Јавното обвинителство, итно да се вклучат и да ги испитаат сите сомнежи за коруптивно однесување во овој случај.

Граѓаните на Куманово, додава таа, заслужуваат транспарентна, отчетна и одговорна локална власт.

„А не власт која ја движи само бизнис интересот на градоначалникот“.