Групата Манeскин од Италија со нумерата „Zitti E Buoni“ победи во финалето на 65. издание на Евросонгот кој се одржа во Ахој Арената во Ротердам.

„Рокенролот никогаш нема да умре!“, извика фронтменот на италијанската група кога се појави повторно на сцената да ја прими наградата.

Во крајно неизвесно гласање, решавачки беа гласовите од телевоутингот во земјите учеснички при што некои од подолупласираните успеаја да добијат подобар пласман само поради гласовите од публиката во нивните земји.

Поради пандемијата годинава Евросонгот се одржа со посебни мерки и со ограничен број на посетители на настанот кој минатата година беше одложен.