Манчестер Јунајтед игра солидно. Вечерва со минимални 1:0 го совладаа Вест Хем, кој сезонава е едно од најпријатните изненадувања. Единствениот гол беше практично автогол на Досон во 53-та минута. Со оваа победа Јунајтед стигна до 57 бодови, но сепак градскиот ривал Манчестер Сити е далеку на првото место со 71 бод. Веројатно трката за титулата е завршена, само останува да се види кој ќе игра во ЛШ, а кој во ЛЕ.
