Синдикалецот на батерии Слободан Трендафилов со плата 3-4 пати поголема од минималната која ја добива благодарејќи на работниците кои членуваат во неговите синдикати, им го сврте грбот и не прифати зголемување на платите во администрацијата за 40% во следните 2 години, обвини Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Слободан Трендафилов кој е многу гласен кога СДС е во опозиција, а тивок кога тие беа на власт, го одбил предлогот на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за зголемување на платите на административните службеници за 40% во следните две години. Зошто? Само затоа што не сакал да го потпише новиот колективен договор. Трендафилов ги остави работниците на цедило и без повисоки плати, затоа што е политички заробеник од страна на СДС. Договорот што тој лично заедно со минатата министерка за труд и социјална политика, а сегашна потпретседателка на СДС, Јованка Тренчевска го потпишал е истечен, а со тоа се отвора можност за нов колективен договор, за кој Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ предлага административните службеници да добијат 40% повисоки плати за 2 години. Ова ССМ и Слободан Трендафилов и УПОЗ на чело со Трпе Деаноски го одбиваат“, рече Манасиевски.

Според него, отворената поддршка која ССМ ја добива од Левица и од СДС, јасно говори кој седи позади овој организиран денешен протест.

Текстот (Видео) Манасиевски: ССМ и Слободан Трендафилов одбиле 40% покачување на платите во следните 2 години на штета на работниците е превземен од МАКФАКС.