Филипче и Заев се тендер тандем, нив не ги интересира народот, туку провизиите за висококатници во Дубаи. Филипче кој е директно поставен од Заев, го интересира власта, само за да се дофати да лапне уште некој тендер, обвини Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Омилениот пион на Заев, Венко Филипче, кога беше министер за здравство, во ек на КОВИД кризата, направил јавна набавка за томографии, за кои што македонските граѓани платиле дополнителни 15 милиони денари. Овие двајца мајстори за афери и тендери, по првиот јавен повик за томографии на кои што требало да се плати 21 милион денари, си одлучиле дека тоа не им одговара, си го поништиле тендерот и си направиле нов, поскап за 15 милиони денари и со иста фирма“, рече Манасиевски.
Да резимираме, додаде тој, Заев и Филипче си средиле тендер по нивен терк, поскап за граѓаните, во ек на КОВИД криза каде што граѓаните секојдневно бараа вакцини.
„Тандемот Заев и Филипче, треба да одговорат дали вредеше уништувањето на македонското здравство и достоинство, за висококатница во Дубаи?“, рече Манасиевски.