Пекарите во Скопје не доставуваат евтин бел леб, рафтовите во маркетите веќе втор ден се празни откако стартуваше мерката за замрзнување на цената.

Горан Малишиќ, претседател на групацијата на мелничко-пекарска индустрија во разговор за Телма вели дека и утре нема да се испорачува леб, а додава дека се подготвени за средба со Владата да се изнајде решение.