Максим Димитриевски, кандидат за градоначалник на Куманово, се жали дека го следат од МВР со полициско возило, а потоа го сопрело. Како што вели тој во видеото објавено на фејсбук откако го сопреле, без да му образлочат за причините, му рекле возилото да го однесе на вонреден технички преглед. Возилото го возел Дејан Димитриевски.

Од МВР велат дека вршеле само редовна контрола и дека не станува збор за никакви притисоци.

Во врска со денешниот случај во Куманово, кога е сопрено возило „рено”, управувано од Д.Д., ве известуваме дека Министерството за внатрешни веднаш го вклучи Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди за целосно расчистување на случајот. МВР нема да дозволи било каков притисок, незаконско постапување или злоупотреба на положбата, велат од мВР.