Македонскиот фудбалер Езгјан Алиоски се вклучи во хуманитарната акција заедно со неговиот тим Фенербахче и купуваат облека и обувки за погодените од силниот земјотрес во Турција. Алиоски  облечен во спортска опрема со клупски обележја, во видео што се споделува на Твитер, е снимен во купување на топла облека што подоцна да спакува и ја донира за настраданите луѓе во земјотресот.