Македонската, но и легендата на ФК Вардар, Васил Рингов, гостуваше во емисијата Студио 10 на ТВ24. Не можеше да издржи, па се расплака кога почна да зборува за Вардар и за последните случувања во најтрофејниот македонски тим.
-Државата итно треба да ја реши ситуацијата со ФК Вардар. Не е проблем што Вардар ќе игра во Втора или Трета лига, се плашам дека некој сака да го снема Вардар“ изјави во Студио 10 вардаровата легенда Васил Рингов.
Како што е познато, Вардар е во долгови од околу 4 милиони евра, а за ова најголем виновник е Русинот Сергеј Самсонеко. Поради големите долгови Град Скопје не сака да го преземе управувањето со клубот. Заминаа голем број на квалитетни фудбалери, па минатата сезона ја играше со младинците и крпен состав. Поради тоа Вардар за прв пат во историјата ќе игра во Втората македонска лига.