Денес ќе бидат погребани членовите на бендот ДНК кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Пејачот на бендот Андреј Ѓоргиески ќе почива на градските гробишта Бутел во 10 часот, а професорката на Факултетот за музичка уметност (ФМУ), Сара Пројковска, која беше придружен вокл на бендот, ќе биде погребана на гробиштата Лисиче во 12 часот.
Погребот на тапанарот на бендот, Ѓорѓи Ѓорѓиев ќе се одржи на градските гробишта во Струмица. Претходно посмртните останки ќе бидат изложени во Градската капела од 12 часот, а утре во 10 часот вработените во музичкото училиште ќе одржат комеморативна седница.
Во црквата во штипско Ново Село, од 9 до 11 часот ќе бидат изложени телата на Филип Стевановски и Александар Коларов, кои беа дел од ДНК бендот, а во исто време телото на фотогрфот Александар Ефремов, кој исто така беше дел од бендот, ќе биде изложено во црквата „Света Троица“ во Штип.
На гробиштата во Нерези ќе се изврши и погребот на тонецот Игор. Посмртните останки ќе бидат изложени во 12 часот во капелата, а нивното погребување ќе се изврши во 13 часот.
Во пожарот животот го загуби и битбоксерот, Мартин Атанасовски – Буцо.
Во видеото се прикажани на своите настапи дел од членовите на ДНК кои го загубија животот во дискотеката во Кочани.
Текстот (Видео) Македонија се простува со членовите на ДНК кои загинаа во пожарот е превземен од МАКФАКС.