Македонскиот кошаркар Ненад Димитриевиќ одигра уште една добра партија во дресот на Хувентуд. Неговиот тим доживеа пораз од Барселона во четвртфиналната серија во шпанската лига со 84:74, а нашиот кошаркар и покрај поразот имаше одлична партија. Дури во еден момент легендарниот Пау Гасол беше исфрустриран што Димитриевиќ со леснотија постигнуваше поени.
Димитриевиќ мечот го заврши со 16 поени и беше втор стрелец на овој меч во неговиот тим, зад Анте Томиќ со 17. Во статистиката нашиот кошаркар допиша и 3 асистенции и 1 скок. Во понедничкиот тим на Барселона најефикасен беше Болмаро со 16 поени, Пау Гасол запиша два помалку.