Итриот мачор Роуди, кој излезе од својот превозник во багажниот простор на авионот на крајот на минатиот месец и три недели живееше внатре на меѓународниот аеродром во Бостон, конечно е фатен, јавува NBC News.
„Ова е огромно олеснување, едноставно е неверојатно“, изјави нејзината сопственичка Пети Нолет Сахли по добивањето на среќната вест.
Имено, Пети со сопругот и мачката се враќала од Германија, а Роуди побегнала штом слетале.
Тие поставиле посебна стапица
Вработените на аеродромот во Бостон биле свесни за нејзиното бегство и цело време се обидувале да ја фатат.
Тие и поставиле посебна замка со храна, а по три недели оваа четиригодишна мачка конечно била фатена.
Веднаш биле известени сопствениците, а мачката била пренесена во прифатилиштето за да биде прегледана и нахранета, пренесува Индекс.