Има една поговорка која вели дека не воспитуваме деца, туку возрасни личности. Така, Табата Мари реши да му одржи лекција на својот син кој одбивал да си ја среди собата…
Како што вели, таа два дена се обидувала да го убеди својот син да си ја среди собата. Неговиот одговор бил „Не мама, среди ја ти“. Потоа зела вреќа за ѓубре и ги собрала сите играчки од подот.
„Мама не сака да воспитува човек кој нема да ја почитува. Не е работа на мајката и жената постојано да чисти. Ти го направи хаосот, ти треба да го исчистиш. Кога ќе видиш дека на мама ѝ е тешко, треба да ѝ помогнеш… Моите деца ќе тоа за брзо“, објасни таа во своето видео кое го сподели на социјалната мрежа „ТикТок“, споделувајќи го својот метод на воспитување.
@tabathamarie I hated seeing the look on his face when he seen his room. It hurt me just as much but my babies will not be disrespectful #parenting #fyp #foryoupage
„Па, тој има две години, нема поента“; „Веројатно ти е јасно дека кога ќе наполни пет години ќе почне да фрла работи или да ги бутка под креветот“; „За почеток треба да му помогнеш и да го научиш како се прави тоа“; „Ова е навистина тажно и жалам за децата што имаат такви родители“, беа само дел од коментарите од луѓе кои не се согласуваат со она што го направила оваа мајка.
Потоа, Табата објави уште едно видео за да одговори на критиките што ги доби.
„Секако дека му понудивме да му помогнеме, но неговиот одговор беше дека тоа е наша работа. Неговите играчки се наоѓаат во подрумот за да ја научи лекцијата и може да ги добие назад доколку го заслужи тоа“, посочи таа.
„Одличен метод! Луѓето кои не се согласуваат и самите имаат деца кои не почитуваат никого, дури ни нив“; „Имам 18 години и мојата мајка го направи истото. По една недела без играчки, брзо научив да средувам сама“, беа дел од коментарите на корисниците кои застанаа на нејзина страна.