Мајката на еден од учениците кои го преживеаа масакрот во средното училиште во Грац, за „Скај њуз“ го раскажа тажниот момент кога нејзиниот син ѝ кажал дека е во средината на пукањето.

„Ми се јави од училиште и ми рече дека пукаат. Мислеше дека ќе умре. Два часа подоцна конечно дознав дека е жив“, рече таа.

Според австриските медиуми, вооружениот напаѓач е 21-годишен поранешен ученик во училиштето. Тој отворил оган во две училници, а потоа се заклучил во училишниот тоалет, каде што властите велат дека бил пронајден мртов.

Најмалку 12 лица се повредени во нападот, од кои неколку се борат за живот.