Ситуацијата на аеродромот во Кабул се влошува и станува јасно дека е многу тешко за американските сили стационирани таму да ја одржуваат безбедноста откако илјадници Авганистанци влегоа во аеродромот во обид да побегнат од земјата. На видео снимките од Кабул се гледа како стотици лица трчаат на пистата и се качуваат на еден воен авион.


Авионот, и покрај многуте луѓе на пистата, полета. На следното видео се гледа како еден човек кој успеал да се задржи за авионот додека полетувал, паѓа од голема височина.


Огромен број Авганистанци, од кои повеќето во минатото биле ангажаирани од меѓународните сили, се на аеродромот и бараат начин да ја напуштат земјата откако талибанците јаа презедоа контролата.