Големо изненадување во рамките од 18 коло во Премиер лигата, Ливерпул на својот „Енфилд“ загуби од Барнли со резултат 0:1 (0:0).
Единствениот погодок се случи во 83 минута од средбата, гостите ги освоија трите бода од пенал кој го реализираше Барнс.
Продолжува резултатската криза на шампионот од минатата сезона, играчите на Јирген Клоп веќе пет натпревари по ред не знае за триумф во елитното натпреварување.
За „црвените“ ова е веќе трет пораз сезонава за моментно четврто место со 34 бодови, шест помалку од водечкиот Манчестер јунајтед.
За Барнли ова е многу важна победа во битката за опстанок, сега е на 16 место со 19 бодови.