Во најинтересниот натпревар од 13 коло во англиската Премиер лига вечерва на „Енфилд“ стадионот Ливерпул со 2:1 триумфираше над Тотенхем.
Салах беше човекот кој му донесе предност на домаќинот во 26 минута, а израмни гостинот со погодокот на Хјунг-Мин во 33 минута.
Фирмино е херојот на Ливерпул кој во 90 минута после асистенцијата на Робертсон му обезбеди голема и важна победа на актуелниот шампион.
Со овие три бода сега „црвените“ водат на табелата со 28 бодови, три повеќе од второпласираниот Тотенхем.
Во наредната рунда играчите на Жозе Мурињо ги очекува уште еден сериозен предизвик, дуелот со четвртопласираниот Лестер, додека фудбалерите на Јирген Клоп ќе се обидат да ја оправдат фаворитската улога против Кристал Палас.
Резултати од 13 коло во Премиер лигата:
Арсенал – Саутемптон 1:1
Лидс – Њукасл 5:2
Лестер – Евертон 0:2
Фулам – Брајтон 0:0
Вест хем – Кристал палас 1:1
Ливерпул – Тотенхем 2:1
ВИДЕО: „Петарда“ на Лидс, Алиоски со првиот гол во Премиер лигата!