Венецуелската опозициска лидерка Марија Корина Мачадо, која минатата година помина месеци криејќи се, изјави дека е благодарна за акцијата на Доналд Трамп во Венецуела, нарекувајќи ја „џиновски чекор за човештвото, за слободата“.

Таа го пофали американскиот претседател Доналд Трамп за апсењето на авторитарниот лидер Николас Мадуро.

„3 јануари ќе остане запишан во историјата како ден кога правдата триумфираше над тиранијата“, изјави Мачадо за „Фокс њуз“ синоќа.

„Ова е пресвртница“, рече таа во видео клип од интервјуто што го сподели на платформата Икс, додавајќи дека тоа е значајно не само за венецуелскиот народ, туку „исто така за човештвото, за слободата и човечкото достоинство“.

Текстот (Видео) Лидерката на опозицијата во Венецуела ја пофали акцијата на Трамп: „Голем чекор за човештвото“ е превземен од МАКФАКС.