Во последниот натпревар од саботната програма, во бундеслигашкото дерби на 13 коло триумфираше Баерн Минхен на гостувањето кај Баер Леверкузен со конечен резултат 1:2 (1:1).

Шик уште во 14 минута му донесе водство на својот клуб после асистенцијата на Амири. Израмнувањето се случи непосредно пред паузата со погодокот на Левандовски во 43 минута.

Полјакот и воедно најдобар светски играч за 2020 година во последните секунди му донесе триумф на баварскиот гигант.

На табелата води Баерн со 30 бодови, два повеќе од Баер и Лајпциг, а четвртопласиран е составот на Борусија Дортмунд (22).

Во другите денешни средби: Аугсбург-Ајнтрахт Франкфурт 0:2, Борусија Менхенгладбах-Хофенхајм 1:2, Мајнц-Вердер Бремен 0:1, Лајпциг-Келн 0:0 и Шалке-Арминија Билефилд 0:1.