Трката за титулата во Германија се уште не е готова, иако може да се претпостави дека сепак на тронот ќе биде Баерн Минхен. Попладнево доживеа пораз од Мајнц со 2:1, па бодовната разлика во однос на Лајпциг е 10, но и натпревар помалку. Иако има голема предност, сепак Мајнц колку толку ја враќа неизвесноста.
Интересно е тоа што на овој меч кам-бек имаше Роберт Левандовски кој подолго време беше повреден. Токму тој беше стрелец на почесниот погодок на Баерн во 94-та минута.
