Откако бил сослушан во полициската станица поради обвинението за силување, српскиот актер Бранислав Лечиќ се огласи на својот фејсбук-профил и изјави дека го поминал полиграфот.
„Само за моите партиски другари кои останаа со мене и за сите оние луѓе што останаа покрај мене … Бидејќи тие знаат дека Лечиќ може само да лекува, никако не може да труе и да силува. Знајте дека седум ипол часа давав изјава, дека сè помина професионално и дека го поминав полиграфот“, рекол Лечиќ на снимката.
„Во својата изјава, Лечиќ целосно ги негираше обвинувањата на Даниела Штајнфелд. Вишото јавно обвинителство во Белград продолжува да собира докази со цел да донесе одлука за понатамошниот тек на постапката“, потврдила за агенцијата Танјуг портпаролката на обвинителството, Ивана Ракочевиќ.
Од почетокот, Лечиќ ги негира обвинувањата на актерката Даниела Штајнфелд која тврди дека ја силувал во мај 2012 година.