На социјалните мрежи беа објавени снимки од корона – забавата, на која присуствувала и поп – ѕвездата Лејди Гага, заедно со нејзиниот менаџер Боби Кембел и остатокот од нејзиниот креативен тим.
Снимките прво ги објавил Боби, кој напишал дека уживаат во забавата и дека биле вакцинирани, па затоа се безбедни.
THE ENERGY pic.twitter.com/eQnF6zGVhJ
— nini ☆ (@velvetropic) May 24, 2021
„Забавувајте се откако ќе бидете вакцинирани“, напишал тој на својот инстаграм – профил.
Гага, заедно со уште стотина други луѓе, ја прославија десетгодишнината од издавањето на нејзиниот албум „Born This Way“ во еден бар во Лос Анџелес.
Сите присутни претходно биле вакцинирани против коронавирусот.