Екипата на Интер ја забележа осмата победа во низа во Серие А. Попладнево на гостувањето кај Торино славеа со 2:1. Лукаку од пенал донесе предност во 62-та минута. Торино успеа да израмни осум минути подоцна, но сепак во 85-тата минута по центаршутот на Санчез, Лаутаро Мартинез со прекрасен гол со глава донесе ново водство и победа од 2:1 за Интер. Со оваа победа Интер собра 65 бодови, девет повеќе од Милан, а 13 повеќе од Јувентус, кои вечерва го играат нивниот меч од ова коло.
