Мечувањето и пркосеше на светската пандемија и ние останавме активни. Првиот месец откако пандемијата дојде кај нас, ние додека се организиравме кој пат да го фатиме, како федерација организиравме тренинзи преку платформата Зум, трениравме напорно, секој од дома, но ја одржувамвме кондицијата, изјави во Утрински брифинг, Билјана Кузмановска Николовска, од Мечувалечка федерација на С Македонија, основач и тренер на мечувалечкиот клуб „Ескрим Скопје“.
Летниот период направивме припреми и шест дена во неделата имавме тренинзи во Градскиот парк, а потоа согласно протоколите и во спортска сала, вели Кузмановска Николовска.
-На почетокот поставивме за цел да се најде решението за пандемијата. Беше многу тешко и фокусот го ставив на она што може да се направи во вакви услови. Затоа видоизменив одредени вежби кои се работат во сала, децата направија мети. Беше тешко, но сите вежби беа изготвени и се покажа дека е исправно – кога излеговме во сала имаше минимално отстапување во пад на кондиција на мечувалците, но далеку подобро отколку да седевме дома три месеци и ништо да не работевме.
Целиот разговор со Билјана Кузмановска Николовска погледнете го во видеото: