Денес повторно гледаме како партизацијата и неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ директно ги доведуваат граѓаните во опасност. Радар во Контролата на летање на скопскиот аеродром се расипал. Тоа значи дека секој авион што слетува во Македонија сега зависи од импровизација, бавни процедури и надворешни радари од соседни земји, обвини портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
Според неа, ова не е само технички дефект, ова е последица на насилното вдомување на партиски кадри во една од најважните институции за безбедноста на сите нас.
„Наместо професионалци, таму се вработуваат луѓе по партиска линија и јасно е дека срга ќе гледаме хаос и импровизација. Сега ќе понесе ли некој одговорност од власта“, рече Кузеска.
Таа прашува кој ќе ја преземе одговорноста за расипаниот радар и до кога безбедноста на граѓаните ќе зависи од импровизациите на ВМРО-ДПМНЕ и уште колку институции ќе паднат во колапс пред ВМРО-ДПМНЕ да признае дека нивниот модел на владеење е опасен и погрешен?