Според портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, ситуацијата на терен покажува дека владините политики со замрзнување на маржите не даваат апсолутно никаков ефект.

Како што вели, нема ниту жестока контрола, како што најави премиерот Мицковски дека ќе се случува, и дека со тоа ќе ги заштити граѓаните. Она што го гледаме, според неа, е не дека цените се намалуваат, туку напротив, има поскапување на цените.

„За да бидеме прецизни, нашата контрола на терен покажа кои цени на кои производи, најосновните, се покачени.

Јајцата на пример се покачени на околу 100 денари, а има и до 140 денари, за едно пакување. Сите знаеме дека јајцата беа од 75 до 85 денари.

Јогуртот со 3,2 масленост, е од 72 денари па нагоре. Млекото исто така е поскапено и се движи од 70 до 80 денари. Сирењето, е поскапено, се продава од 440 денари до 650 денари. Кашкавалот веќе станува луксуз за граѓаните, и е поскапен, речиси да нема кашкавал под 600 денари. Шеќерот е поскапен, килограм се продава за 57 денари“.

Сето ова, како што рече Кузеска, ја покажува негрижата на власта за животниот стандард на граѓаните. И згора на се, додава, не само што нивните политики за намалување, односно за заштита на граѓаните, нивните проекти за кои мислат дека ќе донесат некаков ефект, немаат никаков резултат, туку и одбиваат покачување на 500 евра плата. Кузесека вели дека одбиваат да соработуваат, да имаа социјален дијалог и да ги покачат платите на работниците.

Текстот (Видео) Кузеска: Цените растат, власта се луксузира и одбива да ги покачи платите на работниците е превземен од МАКФАКС.