Давид Кубацки, полскиот ски скокач победи на втората скокалница од Новогодишната турнеја „Четири скокалници“ во Гармиш-Партенкирхен (Германија).

Со неверојатен скок во втората серија, Кубацки ја обезбеди победата во Гармиш поставувајќи рекорд на скокалницата од 144 метри.

Полјакот славеше пред Норвежанецот Халвор Егнер Гранеруд, сонародниците Пјотр Жила и Камил Стох и победникот од првата скокалница Оберстдорф, Карл Гајгер.

Кубацки славеше со 282 поени, седум повеќе од второпласираниот Гранеруд. Гајгер го загуби првото место во генералниот пласман, а сега лидер е Гранеруд со 555 поени. Втор е Германецот со 551, Стох е трет со 548,3, а четврти е Кубацки со 546,4.

Претпоследната трета скокалница е Инсбрук (Австрија), а натпреварувањето ќе се одржи на 3 јануари.