Претставничките на Србија на 65-тото издание на избор на песна за Евровизија се пласираа во големото финале, а тоа го прославија со ладен шампањ кој го добија на подарок директно од Белград, од таткото на една од девојките, пејачот Ненад Кнежевиќ Кнез.

Членките на групата „Hurricane“ се пласираа директно во евровизиското финалето, кое ќе се одржи во сабота во Ротердам.

По прогласувањето и нивниот пласман во финалната натпреварувачка вечер, девојките од групата Сања Вучиќ, Ксенија Кнежевиќ и Ивана Николиќ цело време вееја српски знамиња, скокајќи и извикувајќи „Ајде напред, Србија“.

На социјалните мрежи од партнерката на пејачот се појави видео од Кнез на кое се гледа како со многу емоции го следи настапот на „Hurricane“, а неговата ќерка Ксенија татковата радост ја сподели и со фановите на нејзиниот инстаграм – профил.

„Ураганките“ со својот настап го воодушевија Кнез, кој како што може да се види на видеото е многу среќен и горд на нив.

Штом ситуацијата и впечатоците малку се смирија, српските претставници го отворија омилениот шампањ на Ксенија, кој нејзиниот татко и пејач Ненад Кнежевиќ Кнез го испратил вчеравечер од Белград до Ротердам преку пријател.

Да потсетиме, Ненад Кнежевиќ Кнез изјавил за Нова.рс дека не успеал да замине во Ротердам, но со целото срце бил со својата ќерка и нејзините колеги.

„Секојдневно сум во контакт со девојките и го следам апсолутно секој нивни чекор. Жал ми е што не сум со нив. Размислував дури и да ги изненадам со мојата Татјана. Планирав да одам таму и да ги изненадам Ксенија, Сања и Ивана. Сепак, ситуацијата е премногу комплицирана. Потребно е посебна покана од Евровизија и специјална акредитација. Се обидов на различни начини да ја добијам документацијата, но за жал, не успеав. Купивме дури и авионски билети што моравме да ги откажеме затоа што е многу комплицирано да влеземе во Холандија поради новите мерки“, изјавил Кнез за Нова.рс додавајќи:

„Едно момче, мој пријател работи како готвач во Ротердам и тогаш некако успеав да испратам преку него. Им однесе шампањ, кој денес се лади, и, да даде Господ, вечерва, кога ќе победат, да го отворат и да го испијат“, изјавил Кнежевиќ за Нова.рс пред втората полуфинална вечер.

ВИДЕО+ФОТО | Српските евровизиски претставнички се вистински ураган: Најпопуларни на социјалните мрежи