Технологијата нема граници! Првиот подводен кружен тек штотуку е завршен, како дел од тунел долг 11 километри, кој поврзува два од 18-те Фарски острови – Еистури и Стрејмои.

Најниската точка на тунелот е 189 метри под површината на Атлантскиот Океан, а кружниот тек ве остава без здив, украсен според идеите на уметникот Трондур Патурсон. Властите велат дека ќе започне со работа за неколку недели.

Погледнете го видеото на почетокот на текстот за да се запознаете со едно неверојатно архитектонско решение.