Реал Мадрид му гостуваше на Алавес во рамките од 20 коло во шпанската „Ла Лига“ и славеше убедливо, со резултат 1:4.

„Кралевите“ доминираа како во нивните најдобри денови под водство на Зинедин Зидан и се чини дека кризата е зад нив.

Гостите од Мадрид кои вечерва беа Зидан на клупата, кој е позитивен на коронавирусот, славеше без проблеми на гостувањето кај Алавес и сега се на второто место со 40 бодови, а воедно се доближија и до лидерот Атлетико кој има 44.

Сите дилеми беа решени уште во првите 45 минути. Касемиро погоди во 15-та минута по центаршутот на Крос, потоа Бензема во 41. минута на асистенција на Азар зголеми на 2:0, а потоа и белгискиот интернационалец се запиша во листата на стрелците за уште поголема предност.

Домаќинот успеа да намали на 3:1 во 59-та минута преку Хоселу, а за да нема никакви возбудувања во финишот од средбата, се погрижи Бензема со нов погодок во 70-та минута. Французинот сега има 10 голови во лигата, колку и Морено, зад Ен Несири (12), Меси (11) и Суарез (11).