Полицијата приведе маж откако некој фрлил јајца врз британскиот крал Чарлс и неговата сопруга Камила за време на нивната посета на Јорк.
Мажот беше приведен додека граѓани се собраа во Миклгејт Бар, традиционалниот кралски влез во градот, за да ја поздрават кралската двојка. Кралот Чарлс го посети Јорк за да ја открие статуата на неговата покојна мајка, кралицата Елизабета Втора, јавува Би-би-си.
Потоа тој има намера да се упати во Донкастер за официјално да му додели статус на град.