реклама

637 часа или 26 дена по катастрофалните земјотресо во Турција, две кози се извлечени живи од урнатините.

Козите биле пронајдени откако работниците кои ги отстранувале остатоците од урнатините во селото Алчичек, слушнале звуци од животни.

реклама

Тие ги извлекле козите од урнатините.

По интервенција на ветеринарот, на козите им била дадена вода и храна, а локалните власти се погрижиле за нив бидејќи нивните сопственици биле надвор од градот.

реклама

Претходно, во турскиот град Хатај, кој беше еден од најтешко погодените од двата разорни земјотреси на 6 февруари, беше извлечено куче 25 дена по земјотресот.

реклама