Оливер Спасовски мора под итно да понесе одговорност. Кој стигне пука од огнено оружје и го загрозува јавниот ред и мир, а МВР молчи, обвинува Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.
Тој на прес конференцијата објави:
Денеска ќе објавиме втор дел од видеото на кое се гледа дека не само командирот, туку и други лица пукале со автоматското оружје во Ропотово.
Автоматското оружје од кое е пукано се’ уште не е пронајдено.
Значи, оружјето не е пронајдено, а ова лице воопшто не е ниту повикано на разговор во станица.
Со цел да се забошоти случајот со предизвикување на општа опасност од страна на командир на полиција, на други полициски службеници и воени лица, како и цивили кои пукале со автоматско оружје кое се’ уште не е пронајдено, го објавуваме видеото од лице кое мора да биде сослушано и да каже од каде му е и каде е автоматската пушка? службена ли е – полициска ли е, како може автоматско оружје да се најде во раце на лице кои можеби и не е полицаец?
Според информациите доставени до нас, од страна советник на министерот Спасовски, кој е вработен после неуспешниот обид да стане градоначалник, дадена е насока да се направат пропусти во случајот и истиот да се забошоти.
Да потсетиме, на настанот имало присутно лице од најтесното раководство на СВР Битола и истото лице наместо да го спречи или пријави настанот, истиот го прикрил!
Сакајќи да ја покријат неспособноста и аздисаноста во МВР, Оливер Спасовски и неговите советници откако реагираа пост-фестум со демек расчистување на настанот, а по принципот – секое чудо за 3 дена, мислат дека ова ќе се заборави.
Министре Спасовски, од институцијата МВР направите пародија.
Не може Вашите партиски и коалициски приоритети да Ви се пред безбедноста на граѓаните.
Оставка веднаш!