Поради постоење на основано сомнение дека се прекршени членовите 349 и 353 од Кривичниот законик, како и членот 103 став 1 и 3 од Законот за класифицирани информации, денеска во ОЈО ВМРО-ДПМНЕ поднесе три кривични пријави. Две се против министерката за одбрана Радмила Шеќеринска, а една против раководно лице во МО.
-Ова е првпат во историјата на модерна Македонија, актуелен министер за одбрана, на ваков незаконски и крајно непрофесионален начин, дрско да ја злоупотреби својата позиција и да содржини од класифицирани документи искористи исклучиво во својa лична и партиски промоција. Шекеринска ја загрозува и безбедноста, но и државата во целост со тоа што издава информации кои се од витално значење за одбраната, изјави Драган Ковачки член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.