Премиерот Димитар Ковачевски на социјалните мрежи објави видео и вели дека направиле обиколница околу Куманово. Како што вели тој во последните 5 години изградиле 1300 километри патишта.

-Изградивме 1300км нови патишта во последните 5 години. Градиме квалитетна инфраструктура која на долг рок ќе придонесе кон нашиот економски развој и ќе овозможи подобар живот за сите.

Градиме патишта кон нашата европска иднина.

Нема недостижна цел!