ВИДЕО: https://fb.watch/3S01nyHur5/
Европратеникот од Бугарија, Андреј Ковачев, ја обвини македонската страна за прекршување на договорот за добрососедство од 2017 година во делот за заедничката историја и работата на историската комисија.
Ковачев, во ексклузивно интервју за Zoom.mk, објаснува дека во договорот е запишано дека комисијата треба да работи само и исклучиво со извори од соодветната епоха.
„Ама ние не ви сметаме, кажувајте си за Гоце Делчев е Бугарин, ние ќе велиме дека е етнчки Македонец и така ќе одиме напред. Нема проблем, нашите млади Европјани ќе учат едно, вие ќе учите друго, ама инаку ќе си бидеме заедно во ЕУ.“, аргументирала македонската страна, за што Ковачев вели дека бугарската страна нема да се согласни на такви решенија, кои остават простор за различно толкување.
Тој се чуди и жали што македонската страна очекува спорот со Бугарија да го решат преку инволвирање на надворешни фактори, кои треба да извршат притисок на Софија да попушти.
„Навистина е тажно да сметаш дека некој во Берлин, Брисел или во Вашингтонг ќе изврши притисок врз твојот сосед и ќе го заврши тоа што ти не си го завршил“, вели Ковачев.
Тој смета дека решението лежи во прифакањето на заедничката историја на двата народи, а не заедничка историја на Балканскиот полуостров на Османлиската империја на Европа или на човештвото.
„Овде зборуваме за тоа дека голем дел од нашите предци не се делеле. Тие немале такво раздвојување какво што сега имаме, што би требало да се надмине по патот на евроинтеграцијата. Токму тоа е големата идеја на Европа да ги надминеме омразата , лагите, поделбите во единствена Европа“, додава бугарскиот европратеник.
Според него, Заев не треба да очекува дека надворешни сили ќе извршат притисок врз Бугарија, туку треба да се врати на Договорот за добрососедство од 2017 година, кој бил братски гест.
„Бугарија е почитувана земја членка на ЕУ и НАТО и ние сме покажале дека на нас може да се смета. Ние и подадовме рака на Македонија во многу тешки моменти за неа. Први ја признавме Македонија, за време на ембаргото врз Југославија бевме позади Македонија, за таа да добива гас, нафта и сѐ што е потребно од пристаништето во Бургас“, потсетува Ковачев.
Тој верува дека двете земји може да изградат блиски односи по налик на Германија и Австрија, Романија и Молдавија, Грција и Кипар и да си помагаат меѓусебно почитувајќи го чувството за идентитет на секој еден.
„Секој еден жив човек има право да се самоидентификува таков каков што сака. Јас тоа сум го повторувал стотици пати дека секој кој што се идентификува како етнички Македонец го има тоа право и никој нема прво тоа да му го одзема. По истата логика се разбира, никој нема право да го менува идентитетот на починати луѓе. Тоа е извондредно газење врз споменот на луѓе кои се починати и сега се употребуваат за некаква пропаганда“, истакнува Ковачев./Zoom.mk