„Треба да биде јасно дека за време на таа процедура има еден чекор, бидејќи тоа државјанство се добива по потекло а не по натурализација. Потеклото се докажува со документи. Соодветниот кандидат докажал дека неговиот род припаѓа на бугарската заедница, без разлика дали од вардарска или егејска Македонија. Во тој процес кандидатот потпишува и Декларација дека се чувствува Бугарин“, изјави европратеникот Андреј Ковачев, во емисијата „Брисел 1“ на бугарската ТВ куќа „Бугарија on air“, како одговор на прашањето на водителката за големиот број Македонци кои речиси секојдневно одат во Софија по потрага на бугарски државјанства.
„Извондредно непријатно е да видиме како такви луѓе што потпишале такви декларации, после тоа тврдат дека немаат ништо заедничко со Бугарија и Бугарите. Како слободни граѓани на Бугарија тие имаат право да ги критикуваат бугарските ставови, но кога веќе си се декларирал како Бугарин да тврдиш дека не си Бугарин и изнесуваш антибугарски ставови е многу грозно лицемерие. Ја поддржувам идејата на г. Џамбаски да се одзема бугарското државјанство на луѓе кои изнесуваат антибугарски позиции. Мислам на антибугарски не против Владата или политиката на Бугарија, туку тоа се однесува за основни работи. Си потпишал дека си Бугарин а на следниот ден кажуваш колку ги мразиш Бугарите. Мислам дека треба да има можност да се одзема бугарското државјанство на луѓе кои вршат антибугарска пропаганда но не и на другите обични 100-ци илјади луѓе. Тие луѓе ги сметам за чесни и тоа не се однесува за нив“, изјави европратеникот Ковачев, во емисијата „Брисел 1“ на бугарската тв куќа „Бугарија on air“.
Што уште кажа Ковачев за можноста македонските државјани кои имаат бугарски пасоши да се разделат со нив заради ширење на омраза кон Бугарија погледнете во видеото: