Бугарскиот европратеник, Андреј Ковачев ја обвини Русија дека долевање масло на огнот на македонско-бугарскиот спор и потикнува поделби меѓу Соверна Македонија и Бугарија.
Ковачев потсетува дека Русија и забранува на младото кнежевство Бугарија, на секој начин да го поддржи Илинденското востание.
„Тие и се закануваат на Бугарија дека ќе ја нападнат ако си дозволи да ги поддржи нашите браќа што работат за автономијата на Македонија и Одринско, што по Берлинскиот конгрес останале во границите на Османлиската империја“, изјави Ковачев во интервју за Zoom.mk.
Тој вели дека двете страни треба да бидат доволно паметни за да не наседнуваат и да не бидат злоупотребени во политичките игри за поделби на Русија или на Србија.
„Токму спротивно, вклучително, Србија и сите земји од Западниот Балкан, треба да станат дел од ЕУ, со надминати проблеми од минатото, кои не делеле“, смета Ковачев.
Како позитивен пример Ковачев ги истакнува односите со Грција, со која Бугарија имала огромни проблеми и страдања, а 100 илјади луѓе биле бегалци од Егејска Македонија.
„И покрај се, ја знаеме историјата, не ја забораваме, но сега сме заедно во ЕУ и не се мразиме. Ние сме партнери и работиме заедно. Тоа е нашиот повик, не е страшно да се знае историјата“, тврди тој.
Според него, сегашниот македонски идентитет нема да биде загрозен ако се знае вистгината за историјата затоа што двете земји ќе бидат блиски партнери и во НАТО и во ЕУ.
„Ако вистината е проблем, тогаш не знам на каде одиме?! Како е можно лагата да се смета за европска вредност, а вистината да се смета за нешто многу лошо“, додава Ковачев./Zoom.mk