Во јануари се очекува ЕП да прифати резолуција за фалсификатите во историјата . Повеќе за документот коментира европратеникот од ГЕРБ/ЕНП Андреј Ковачев во емисијата на Милена Милотинова ,,Брисел1”, јавува Трибуна.

„Темата е поврзана со дезинформацијата и со манипулацијата на историските факти, настани и личности со цел аргументирање на сегашни политички решенија. Како на пример најужасниот случај за тоа е агресијата на Русија во Украина со аргументот дека тие се борат против нацизмот во земјата. Тоа де разбира е една бесрамна лага која нема ништо заедничко со реалноста . Тоа е зачуван трик за тоталитарните режими кои ги аргументираат своите злодела – убиства, депортации, масовен терор со манипулирањето на историските факти “, посочи Ковачев пред ,,Bulgaria On Air”.

Тој изрази надеж Резолуцијата да ја подвлече важноста на образованието , врз основа на објективниот историски наратив и направи паралела со Договорот меѓу РСМ и Бугарија каде што е запишано дека историјата треба да биде предавана врз основа на академските историски факти кои се потврдени за соодветната епоха.

Според неговите зборови комисарката за проширување Марта Кос го потврдила јасно и категорично ставот дека договорите треба да се исполнуваат .

„Таа тоа го кажа за време на сослушувањето на надворешната комисија во ЕП и потврди дека не само измените во Уставот и вклучувањето на Бугарите во Преамбулата , така и во сите други делови на Уставот во РСМ , каде што се набројуваат делови од народи е важно ,туку и исполнувањето на Договорот со Бугарија заедно со протоколите од што тие како што јас гледам бегаат како што ѓаволот бега од темјан“, додава Ковачев.