Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Бутел Дарко Костовски тврди дека актуелниот градоначалникот на Бутел, Велимир Смилевски, непосредно пред зпочнување на изборната кампања, донел нов Урбанистички план, со кој на територијата на општината се предвидени да се изградат нови 12 згради, во просек по 300 до 400 станови. Девет згради треба да никнат на улица Словенечка, а три нови во населбата Бутел 2.
„Во Бутел нема паркови, а тој направи чирови во општината. Даде дозвола за изградба на три згради по 400 станови. Но, тоа што е најопасно тај донесе нов ДУП, каде се предвидени уште девет нови згради на улицата Словенија, секоја зграда од 300 до 400 стана. Не знам дали знаете во Бутел 2, на улицата која се граничи со Чаир, се планираат нови три згради во едно мирно маало за што е поднесено барање до градот Скопје. Луѓето таму навистина се гневни“, вели Костовски во интервју за порталот zoom.mk.
Костовски се сомнева дека Смилевски дозволува изградба на високи згради затоа што повеќе спратови имаат зградите толку повисока е провизијата, но за тоа најавува дека ќе се занимава после 17 октормври.
Ако биде избран за градоначалник тој ветува дека ќе направи одредено олабавување на планот преку намалување на катниците затоа што промена на планот ќе одземе повеќе време.
„Велимир во очи на кампањата го донесе урбанистичкиот план, веројатно станува збор за одредени провизии, но тоа треба да се испита. Тоа е сега само индиција во моментот и второ е дека знае дека на овие извбори ќе загуби и тоа што го ветил да го направи час порано“, тврди Костовски.
Според него, Бутел треба да го заддржи маалскиот тип на живот затоа што населбата не е планиран да биде опкружена со згради.
„Важно е да се гради, но не по секоја цена. За да се изградат згради тоа треба добро да се испланира. Ако сакаат бутелчани да живеат во такво место, можат да се преселат во Аеродром или во Чаир. Во места каде има таков тип на живот, мислам дека треба да го задржиме мирниот тип на живот“, смета кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за Бутел, Дарко Косовски.