Косовската полиција врши претреси во северниот дел на земјата, а меѓу другото ја претресува и станбената зграда во која живеел Милан Радоичиќ, човекот за кој се тврди дека ги водел српските напаѓачи на косовскиот полицаец.

Најмалку три оклопни возила на косовската полиција се пред ресторанот Греј и станбената зграда, улицата е блокирана за сообраќај, јавува порталот Коссев. Како што јавуваат медиумите, полицијата извадила две хартиени кеси во кои имало хартии.

Претреси се во тек и во Звечан и Зубин Поток. Како што потврди заменик командирот на полицијата, овие операции, односно претреси се вршат во врска со последните настани во село Бањска.

Приштина го обвини Радоичиќ дека е водач на вооружените Срби кои се судрија со полицијата во градот Бањска. Косовските медиуми јавуваат дека претресот на зградата во која живеел Радоичиќ бил извршен и во 2018 година. Покрај косовската полиција, на улиците има и голем број возила на ЕУЛЕКС.