На Косово поплавите уништија неколку мостови, а во повеќе општини населението е евакуирано поради опасност од поплава.

Водата го однела и мостот во селото Доброшец во општина Дреновица, пренесува приштинска „Коха“.

– Advertisement –

Во општина Гњилане евакуирани се 15 жители, од селата Гњилане, Малишева, Угjаре, Бресаjце – Јабукче и Силово, а надлежните служби добиле 87 повици за помош.

Локалните власти соопштија дека е нанесена голема штета на инфраструктурата, јавниот и приватниот имот.

Министерството за инфраструктура соопшти дека се блокирани патните правци Приштина-Пеќ, Каменица-Стрезовац, делови од патиштата во Гњилане, Урошевац, патот Брезовица-Шар, Приштина-Мутиводе и многу други.