Натпреварот од АБА лигата помеѓу Мега и Будуќност (78:72) го одбележа скандалозниот потег на Вили Рид кој го удри Филип Петрушев.
Кошаркарот на Мега беше нерешлива енигма за играчите на Будуќност на кои им даде 23 поени, а по едно негово забивање, Рид своите фрустрации ги искажа на непримерен начин.
Откако ја заби топката, Петрушев го прслави атрактивниот потег, а тоа не му се допадна на Рид кој со бокс го удри играчот на Мега во градите.
Судиите веднаш реагираа и го исклучија нервозниот Рид поради насилно однесувањето, а екипата на Мега ја задржа предноста и дојде до осмата победа во АБА лигата.
— SportBot (@SportBot11) December 20, 2020