Што всушност значи негирањето на геноцидот во Сребреница? И тоа, негирањето на колективно, индивидуално, и негирањето како официјална политика на Србија. Според мене, иако тие „на прва“, би значело дека не сакаат да ја прифатат одговорноста, за починетите дела, иако мислам дека се совршено свесни за одговорноста, и дека негирањето означува токму тоа – свесност за одговорноста, меѓутоа, одбивање на сеќавање на самиот настан, вели Никица Корубин, на меѓународната конференција „Сребреница – совеста на светот“.
Според тоа, клучна нишка за трагедијата во Сребреница, е сеќавањето. И тоа, не клучна нишка за оваа генерација на која сме сведоци, бидејќи во Сребреница имаме директни жртви, а од друга страна имаме сведоци како генерација, и од трета страна имаме извршители кои не сакаат да се соочат со својата вина, но сметам дека тоа не е случајот, туку дека сакаат да рефлектираат поинакво сеќавање.