По победата над Кротоне од 2:0 Интер е на чекор до шампионската титула. Уште утре и официјално може да биде прогласен за првак, доколку Аталанта не победи, одигра нерешено или биде поразена од Сасуоло. Доколку не, тогаш во следното коло Интер може на домашен терен против Сампдорија да се круиниса во шампион.
Веднаш по мечот лудории во соблекувалната. Конте и неговите избраниции пееја и славеа. Титулата по 10 години е освоена за Интер. До крајот има уште четири кола.