На 4 февруари годинава со почеток од 19 часот во Воената академија ,,Г.С.Раковски” во Софија ќе се одржи концерт спектакл со класична музика и поезија по повод 153 години од раѓањето на Гоце Делчев, јавува Трибуна.

Настанот е организиран од Меѓународната фондација за соработка и културен натпревар ,,Гоце Делчев” и ќе се одржи под патронатот нa бугарскиот претседател Румен Радев.

Во културното одбележување ќе земат учество Илина Митревска сопран РС Македонија, Нели Динева сопран Бугарија, Валентина Божиновска поетеса РС Македонија, Елисавета Шапкарева поетеса Бугарија , Љупка Бјаџони цу Гутенберг- диригент Германија, и симфониета Софија.

Организаторите информираат дека влезот е со покани а меѓу поканетите се: Пратеници од парламентите на двете држави, владите на двете држави , други државни институции и пријатели на Фондацијата.