Вардар е во незавидна финансиска ситуација и во акцијата за спас на клубот веќе се распродадени над 30.000 билети за првиот натпревар во пролетниот дел од сезоната во ПМФЛ.
За таа цел, во пресрет на дербито со Пелистер во недела, беа распродадени над 30,000 влезници, иако мечот поради пандемијата со ковид-19 ќе се игра без публика, а „Комитите“ на спектакуларен начин го најавија големото дерби, како и големата победа која ја извојуваа за спас на клубот, барем засега.
Па така, овој натпревар како и другите одложени ќе се одиграат овој викенд, а Комити во пресрет на дерби дуелот одлучија да го прослават распродавањето на целиот капацитет на националната арена и да го најават вечното македонско дерби.